LYCUSA, Партијата на млади комунисти од САД, по повод испратените честитки за годишната конференција на подгранокот на Левица, ја коментираше и, според нив, моменталната ситуација во која се наоѓа Македонија.
„Ја поздравуваме Црвена младина во борбата за социјализам и антиимперијалистичко застапување. Македонија е моментално неоколонија на Европската Унија и НАТО, а народот во Македонија не добива апсолутно ништо од ова. Статистиката покажува дека дури 61% од Македонците се југоносталгичари, докажувајќи ја не само супериорноста на социјалистичкиот систем, туку и дека македонскиот народ изгуби многу по падот на Југославија и заробувањето од американскиот империјализам“, стои во дописот испратен од LYCUSA.