Патник пронајден мртов во мотор на авион во САД

Макфакс/Кајгана
/ 03.01.2024 / 14:31

На меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити во САД е пронајден мртов патник. Кајлер Ефинџер (30) од Парк Сити беше пронајден мртов во моторот на авионот.

Полицијата соопшти дека 30-годишникот ја пробил вратата за итен излез, излегол на пистата и влегол во моторот на авионот Airbus A220 лет 2348 на Delta Air Lines со крајна дестинација Сан Франциско, пренесува CNN. Полицајците го пронашле Ефингер во моторот на комерцијален патнички авион полн со патници, соопшти полицискиот оддел во Солт Лејк Сити.

Ефинџер бил патник со билет до Денвер, соопшти полицијата.

Управителот на продавница на аеродромот нешто пред 22 часот им пријавил на диспечерите од контролниот центар на аеродромот дека видел патник како поминува низ излезот за итни случаи. Полицајците бргу ги пронашле облеката, чевлите и другите лични предмети на Ефинџер на една од пистите.

По пронаоѓањето, официјалните лица им рекле на контролорите на летање да му кажат на пилотот да ги исклучи моторите на авионот.

Екипите за итни случаи го извлекле 30-годишникот. Се обиделе да го реанимираат, но сепак на местото на настанот била констатирана смрт кај човекот.

Полицијата во Солт Лејк Сити работи за да ја утврди причината за смртта, пренесува AP.

Кога бил пронајден Ефинџер, на патниците им било кажано да го напуштат авионот, но операциите на аеродромот не биле прекинати, соопшти полицијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе