Пендаровски: Русија ги злоупотребува протестите

Тоа што го знам и го добивам од безбедносните органи е дека постојат елементи кои во земјава доаѓаат од регионот. Северна Македонија во овој момент е под интензивирани хибридни напади слични на нивото кое го имавме во 2018 година, изјави претседателот Стево Пендаровски на вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

– Значи Северна Македонија во овој момент е под интензивни хибридни напади, слични на нивото што го имавме во 2018 година кога организиравме референдум за името и тоа нема никаква врска со луѓето кои протестираат. Пред два дена на социјалните мрежи имаше објави за луѓе во Гостивар и Тетово во униформи на УЧК и сега тоа го врзуваат со изјавата на Османи… Нема врска со УЧК, ниту некој добива закани, истакна тој.

Пендаровски рече дека Руската Федерација ги злоупотребува протестите и информираше дека има странци кои се дојдени да предизвикуваат инциденти на протестите.

– Трети страни, прецизно Руската Федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог. Имаме неколку луѓе кои се дојдени од соседните држави и предизвикуваат инциденти на протестите, истакна претседателот и додаде дека овие податоци ги знаат сите надлежни органи и во соработка со НАТО се прави се за да се превенира, бидејќи и од таму се добиваат информации за тоа кој пристигнал.

Пендаровски нагласи дека на самите протести има некои симболи, обележја, со кои, како што рече се заговара втор 27 април, но и реванш за 2001 година и додаде дека тие идеи почнуваат да се кодираат.

– Во ова време сега, кога имаме брутална руска агресија во Украина, а ти повторно да играш на руска карта и да не водиш сметка за интересите на својата држава, рече Пендаровски и додаде дека безбедносната ситуација во Северна Македонија се затегнувса.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе