Пеп: Баџо е најталентираниот фудбалер со кој сум играл

Стратегот на Манчестер Сити откри кого смета за најталентиран играч со кој играл за време на својата играчка кариера.

Жузеп Гуардиола денеска беше во италијанскиот град Кунео каде одржа говор пред 3.500 студенти.

„Мислам дека талент има насекаде, па така и во Италија. Талентот не се развива дома, на Instagram или Twitter. Тоа е невозможно. Се развива со вежбање и правење грешки. Ако сакате да играте фудбал професионално, тогаш морате многу да го играте“, рече каталонскиот стратег, помеѓу останатото.

На прашањето кој е најталентираниот играч со кој делел соблекувална за време на својата кариера како играч, Пеп одговори без многу да размислува.

„Дефинитивно тоа е Роберто Баџо“, јасен беше Пеп.

Пред некоја година во една прилика за Баџо рече: „Ако Баџо играше во денешниот фудбал, ќе постигнуваше 50 гола по сезона. Нема сомнеж за тоа. Не мислам само со мене или Манчестер Сити, мислам на кој било тренер и кој било тим. Роби беше феномен кога играше, во основа само со една добра нога и во италијански фудбал во кој во тоа време беше многу тешко да преживее напаѓачот. Во тоа време имаше многу малку простор, а најмногу четири-пет шанси по натпревар, но секогаш успеваше да постигне гол и тоа често во неверојатни околности. Роби беше таму со Диего Марадона, Марко ван Бастен, Франческо Тоти, Алесандро Дел Пјеро...“.

Пеп и Баџо во дресот на Бреша

Роберто Баџо ги одбележа 80-тите и 90-тите години на минатиот век играјќи за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и последно Бреша, каде ја заврши кариерата во 2004 година. Токму во редовите на Бреша настапуваше заедно со Пеп, кој летото 2001 дојде од Барселона, играше една сезона, па се пресели во Рома, за по шест месеци повторно да се врати во Бреша.

За репрезентацијата на Италија одигра 56 натпревари и постигна 27 голови, но никогаш не освои трофеј. Дури и беше трагичар на финалето од Мундијалот 1994 во САД кога против Бразил го промаши одлучувачкиот удар од белата точка во пенал-рулетот. Има и бронза од Мундијалот 1990.

Во Серија А има одиграно 459 натпревари и постигнато 205 голови. Освои по едно Скудето со Јуве и Милан, како и една Копа Италија и еден УЕФА куп со Јуве.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе