Пеп најдобриот тренерски совет го добил од тренер по одбојка

Каталонскиот стратег, денес на клупата на Манчестер Сити, откри кој е клучот на неговиот успех како тренер.

Гуардиола во 2001 година дојде во Серија А во редовите на Бреша од каде си замина во 2003, а во меѓувреме кратко беше и во Рома. Потоа до неговото пензионирање во 2006 настапуваше ушет и за катарскиот Ал-Ахли и за мексиканскиот Дорадос.

„При крајот на мојата кариера, кога си заминав од Браселона по 11 години, заминав во Италија. Еден ден, додека гледав ТВ дома, ме импресионираше едно интервју: тоа беше тренерот на легендарната одбојкарска репрезентација на Италија, Хулио Веласко. Толку бев импресиониран од работите кои ги кажа и начинот на кои ги кажа, што решив да го побарам“, велеи Пеп.

Хулио Веласко е аергентински одбојкарски тренер кој беше селектор на италијанската машка репрезентација од 1989 до 1996 година. За тој период двапати ја искачи Италија на светскиот трон, а трипати на европскиот. Освои и 5 трофеи во Светската лига, како и еден Светски куп, а на Олимпијадата 1996 беше сребрен.

„Му се претставив: 'Г-дине Веласко, овде Пеп Гуардиола кој би сакал да ве покани на ручек'. Тој одговори позитивно и така ручавме заедно. Додека зборувавме ми остана цврсто во сеќавање еден негов концепт: 'Пеп, кога ќе решиш да станеш тренер една работа мора да ти биде јасна како ден: немој да пробуваш да ги промениш играчите, играчите се такви какви што се. Отсекогаш нѐ учеле дека за еден тренер играчите секогаш се исти, но тоа е најголемата лага која постои во спортот. Клучот за успех е да можеш да го најдеш балансот. Помеѓу моите играчи на ватерполо, на пример, има некој на кој му се допаѓа кога зборувам за тактика и така можеме 4-5 часа да зборуваме на таа тема бидејќи знам дека ужива во тоа. Затоа, пак, на друг по две минути веќе му здосадува бидејќи не го интересира и не сака да се замара со тактика. Или, пак, некој обожава да зборувам за него пред целиот тим: за тимот, за добрите и лошите работи, за сѐ, бидејќи на тој начин се чувствува важен. Други не го сакаат тоа, воопшто, па мора да ги однесеш во твојот кабинет и во четири очи да им го кажеш она што треба да им го кажеш. Тоа е клучот за сѐ: да го најдеш вистинскиот начин'“, го раскажува Пеп советот на одбојкарскиот мајстор.

„Ова не е запишано никаде. И не може да се пренесува. Е токму поради ова нашиот занает е толку убав: одлуките кои вчера биле корисни, денес веќе не служат за ништо...“, завршува Пеп, денес еден од најдобрите фудбалски умови во светот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе