УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Пеп: Не сме тука за одмазда - за да ја освоиш ЛШ треба да го победиш Реал

Предводникот на Мначестер Сити уверува дека денеска не е дојден по одмазда за минатогодишната елиминација, туку едноставно сака да го освои натпреварувањето.

„Многу пати сум доаѓал на овој стадион како играч и како тренер. Сум победувал и сум губел, не знам што ќе биде сега. Би сакал да знам, но не знам“, започна Пеп на официјалната прес-конференција.

Неговиот Манчестер Сити во последните две сезони доаѓа многу блиску до освојување, но никако да го зграпчи пехарот. Во сезоната 2020/2021 играше финале и загуби од Челси, додека лани во полуфиналето беше запрен токму од Реал Мадрид.

„За да ја освоите Лигата на шампионите, треба да го победите Реал Мадрид бидејќи тие се убедливо најдобриот тим во ова натпреварување. Неодамна ги гледав снимките од двата натпревара од минатата сезона и мислам дека бевме одлични во нив. Не победивме и затоа сме денеска повторно тука. Не сме тука за одмазда, туку за уште една шанса. Еден ден ќе освоиме. Оваа сезона дојдовме тука да го направиме тоа“, рече каталонскиот стратег, кој верува дека севкупниот победник од полуфиналето „ќе се решава во Манчестер“, односно во реваншот.

„Граѓаните“ во сезоната 2019/2020 го елиминираа токму Реал во осминафиналето, но потоа налетаа на расположениот Лион и доживеаја разочарување.

„Секоја сезона сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Би мразел да имам тим кој ќе ја освои Лигата на шампионите, а потоа ќе заборави на тоа. Секогаш сакаме да бидеме во тесна конкуренција со Реал и Барселона. Јас сум голем фан на Барселона, која направи одлична работа за прв пат да ја освои Лигата на шампионите“, продолжи тренерот на Сити.

Натпреварот се игра вечерва од 21 часот на „Сантјаго Бернабеу“, а правдата ќе ја дели Артур Суарешп Диаш од Португалија. Директен пренос на територијата на Македонија ќе врши Arena Sport Premium 1.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе