Бројот на заразени со коронавирус во Перу се искачи над 240.000 илјади, со што оваа земја ја надмина Италија по бројот на заразени со COVID-19.
Перу е на второ место по бројот на потврдени случаи од коронавирус во Јужна Америка, а на седмо место во светот.
Во среда се забележани уште 3.752 нови случаи на заразени со COVID-19, a повеќе од 7.000 луѓе починаа поради компликации од коронавирус.
Перу, Чиле и Бразил се најтешко погодени држави од коронавирус во последните неколку недели, пишува Reuters.