Пет најважни намирници што треба да ги вклучите во исхраната

Комбинацијата на намирници кои одлучуваме да ги консумираме секоја недела има голема моќ врз нашето тело, но влијае и на тоа како ќе се чувствуваме во иднина.

Ако одлучите да ги вклучите овие пет намирници во вашата неделна исхрана, ќе направите одлична услуга за иднината на вашето здравје.

Брокулата и сличен зеленчук треба да се јаде што почесто. Многу истражувања покажаа дека сулфорафанот, кој се наоѓа во брокулата, карфиолот, кељот и зелката, може да ги уништи клетките на ракот. Така, јадењето брокула неколку пати неделно го намалува ризикот од рак на простата, дојка, бели дробови, кожа и желудник.

Спанаќот е извор на лутеин и зеаксантин, два каротеноиди за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од рак на дојка. Исто така, тој е богат со фолати кои ја зајакнуваат ДНК и витамин Б, кој е неопходен за трудниците.

Важно е да се спомене гравот бидејќи не содржи нездрави масти. Тоа е една од причините зошто една голема студија објавена во JAMA International Medicine покажа дека луѓето кои јадат грав најмалку четири пати неделно имаат 22 отсто помал ризик од срцеви заболувања од оние кои го јаделе поретко.

Критичките прегледи за науката на храната и исхраната во Food Science and Nutrition укажуваат дека јаболката се клучни за одржување на кардиоваскуларното здравје. Тие ги штитат крвните садови и го намалуваат крвниот притисок. Американското здружение за срце (AHA) наведува дека флавоноидот кверцетин, кој исто така се наоѓа во јаболката, е антихипертензивен.

Боровинките содржат антиоксиданси наречени флавоноиди и антоцијани. Тие имаат способност да намалат секаков вид на воспаление. Пред две години во списанието Advances in Nutrition беше објавено дека боровинките позитивно влијаат на здравјето на крвните садови, регулирањето на нивото на шеќер и рамнотежата на цревната флора.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе