Пет намирници што нѐ прават погладни - не се препорачуваат за појадок

Ако често посегнувате по ужина веднаш по јадење одредена храна, не е сѐ во вашата глава. Некои намирници всушност го зголемуваат вашиот апетит и ве прават погладни.

Најчесто виновни се намирниците кои се претежно рафинирани јаглехидрати и богати со шеќер, бидејќи често им недостигаат заситени протеини и влакна. Комбинацијата од богати со рафинирани јаглехидрати, малку влакна и протеини може да го наруши нивото на шеќер во крвта, придонесувајќи за ненаситна желба и глад.

Наместо да посегнувате по некоја од овие незадоволителни намирници, одлучете се за храна која има хранлива вредност.

Слатки печива

Го знаеме искушението да се разбудиме гладни и да ги погледнеме слатките печива на нашата маса додека го пиеме првото утринско кафе. Сепак, слатките печива се едни од најлошите намирници со кои треба да го започнете денот и секако не се комплетен појадок.

„Овие печени задоволства се одлични за задоволување на вашето непце, но тие не се супер задоволувачки за вашиот стомак бидејќи имаат тенденција лажно да ве заситат. Без доволно протеини или растителни влакна (кои кај печивата обично недостасуваат), овие задоволства ќе ви го зголемат шеќерот во крвта, набргу потоа предизвикувајќи повторен пад во крвта.

Кога шеќерот во крвта ви опаѓа, на крајот се чувствувате гладни и уморни - што не е идеално ако само што сте го започнале денот. Затоа, наместо овие слатки задоволства, изберете појадок со протеини како што се варени јајца или јогурт за да бидете сити подолго време.

Грицки

Ако јадеме грст чипс или перек, сакаме повеќе, а таквата желба можете да ѝ ја припишете на солта. Солта прави речиси сè да биоде повкусно затоа што тера на лачење плунка. Повеќе плунка значи поактивни рецептори на вашите пупки за вкус, што значи поголема длабочина на вкусот.

Сепак, постои уште една причина зошто копнееме за солена храна. Научниците претпоставуваат дека луѓето копнеат за сол поради можноста солта да го активира ослободувањето на допамин, хормонот кој ни овозможува да чувствуваме задоволство.

Ова може да создаде маѓепсан круг бидејќи солените закуски како чипсот и переците имаат тенденција да бидат полни со рафинирани јаглехидрати и едвај да имаат влакна кои го забавуваат варењето. Тоа побргу ве прави погладни.

Бел леб

Белиот леб е сличен на кафеавиот ориз по тоа што триците се отстранети од пченичното зрно што се користи за правење леб. Прехранбената индустрија понекогаш оди чекор подалеку и користи калиум бромат или хлор диоксид за да го избели брашното и да ја отстрани секоја природна жолта боја за да го направи побело.

Зошто се прави ова? Чисто заради естетика или, со други зборови, само за лебот да изгледа поубаво за потрошувачот. Меѓутоа, како резултат на тоа, лебот е лишен од повеќето хранливи материи и влакна кои малку придонесуваат во одржувањето на чувството на ситост. Всушност, едно парче бел леб нуди помалку од 1 грам влакна.

Слатки житарици

Снегулките засладени со шеќер главно се состојат токму од шеќер. А тоа значи дека тие не содржат ни приближно доволно влакна и протеини, кои обезбедуваат чувство на ситост. Затоа консумирањето на овие видови житарици може да предизвика остри скокови на шеќерот во крвта, а потоа и падови.

Ако сакате да јадете житарици и сакате нешто што ќе ви помогне да избегнете глад и да го одржите шеќерот во крвта постабилен, изберете пакување што содржи повеќе од 5 грама влакна по порција. Исто така, поврзете ги вашите житарици со млеко богато со протеини, како млеко од соја, или наместо тоа користете јогурт како основа.

Помфрит

Иако компирите се изненадувачки одлични во предизвикување ситост, тие се значително помалку ефикасни кога се како помфрит. Тоа е затоа што содржат многу рафинирани јаглехидрати и натриум, кои го задоволуваат вкусот, но не толку чувството на глад. Без никакви протеини или влакна, ако јадете само помфрит, најверојатно ќе се чувствувате гладни многу брзо откако ќе ја изедете вашата порција помфрит.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе