Пет здрави намирници кои е најдобро да ги избегнувате кога сте болни

Кога сме настинати посегаме по пилешка супа, многу течности, прополис, ѓумбир и мед, но дали треба да се „бомбардираме“ со храна богата со витамини и минерали, а да избегнуваме шеќери и преработена храна?

Па, не баш. Докторите предупредуваат кои намирници можат да ни штетат и да ги продолжат симптомите на болест кога организмот е ослабен.

Спанаќ

Хистаминот помага телото да се ослободи од алергени. Ако не поднесувате одредена храна, хистаминот ќе ве „предупреди“ и ќе поттикне алергиска реакција. Ако сте интолерантни на хистамин, може да се појави реакција слична на алергиска или пак умор, недостиг на енергија и главоболка. Иако не содржи многу хистамин, спанаќот помага во негово ослободување. Во истата категорија спаѓаат јагодите и доматите, па најдобро е да ги избегнувате додека сте болни.

Јаткасти плодови

Цинкот и витаминот Е му помагаат на телото во борбата против болести, но ако ве мачи желудникот или имате температура, подобро е да избегнувате ореви, лешници, бадеми и слично. Причина за тоа е што маснотиите тешко се разложуваат, па желудникот може дополнително да се вознемири и на телото да му ја одземе енергијата потребна за борба со болеста.

Брокула

Брокулата изобилува со влакна кои не се баши пријатни за организам ослабен од болест. Првите неколку дена од настинка, грип и слично подобро е да јадете намирници кои лесно се варат.

Грав

Шеќерите од гравот можат да поттикнат желудочни тегоби како дијареја, гасови и грчеви. Телото не синтетизира доволно ензими кои намалуваат гасови, па шеќерите не се варат во целост. Затоа, немојте да јадете грав ако ве мачи желудникот, избегнувајте и млечни производи.

Свеж зеленчук

Не се препорачува кога ве боли грлото да јадете сиров зеленчук бидејќи дополнително го надразнува. Кај болки во грлото се препорачува да јадете мед бидејќи спречува кашлица, како и јајца поради витамин Д и цинк, кои го подобруваат имунитетот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе