Пијалакот за кој многумина мислат дека е здрав, всушност дебелее

Природен е и богат со витамин Ц, па веројатно се прашувате што може да не е во ред со сокот од портокал?

Овој сок често го пиеме, а е богат со шеќер што никако не е добро за оние кои внимаваат на тежината, пишува Eat This, Not That.

Една чаша сок од портокал од 340 мл има 33 грама шеќер, што од прилика е иста количина како во три крофни. Затоа, ако се воздржувате од крофни со шеќерна глазура, размислете дали воопшто треба да пиете сок од портокал.

Шеќерот во сокот претежно е фруктоза, прост шеќер што се содржи во овошјето и лесно се апсорбира во телото, а се поврзува со салото на стомакот.

Досегашните студии покажаа дека големата консумација на фруктоза е поврзана со опасното сало околу стомакот, но и со инсулинска резистенција.

Треба да јадете овошје

Сепак, тоа не значи дека треба да престанете да јадете овошје бидејќи има фруктоза. Тоа исто така е богато со антиоксиданси кои се борат против слободни радикали. Има доста влакна, витамини и минерали.

Разлики меѓу овошје и овошни сокови

Клучната разлика меѓу нив се растителните влакна. Кога јадете цело свежо овошје, за разлика од сокот  од портокал, ќе добиете доста влакна. Тие влакна ќе ве заситат  и во исто време ќе го забават варењето на овошниот шеќер во организмот, а тоа спречува пораст на шеќерот во крвта.

Од друга страна, шеќерите од сокот немаат влакна, па брзо се преработуваат. Не ве заситуваат и сето тоа води до дебелеење.

реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе