Пипо Инѕаги откри интересен детаљ: Ја завршив кариерата поради Алегри

Легендарниот италијански фудбалер Филипо Инѕаги објави автобиографија во која изнесе неколку интересни информации од својата богата кариера, а една од нив е дека поради тренерот Масимилиано Алегри се пензионирал порано отколку што планирал.

Популарниот Пипо откри дека тогашниот тренер на Милан, кој сега седи на клупата на Јувентус, бил тој кој инсистирал да му биде раскинат договорот, иако имал договор со челниците на клубот да остане уште една година.

„Беше пролетта 2012 година и постигнав договор со клупските челници да останам уште една година. Паоло Малдини, Алесандро Неста, Андреа Пирло, Џенаро Гатузо и Кларенс Сејдорф за краток период го напуштија Милан, па беше договорено да останал за да ја 'држел' соблекувалната“, напиша Инѕаги.

Сепак, според Инѕаги, тоа не му се допаднало на тренерот Алегри кој побарал да не му биде понуден нов договор, што подоцна клубот и го прифатил.

„Директорот Адриано Галиани беше воодушевен што треба да останам и лесно се договоривме. Сепак, Алегри тогаш рече дека не ме сака во соблекувалната и дека треба да го напуштам клубот. Целосно ме 'разнесе' и ја завршив кариерата“, откри Инѕаги.

URL

Автобиографијата на Инѕаги во продажба излезе денеска, а La Gazzetta dello Sport е медиумот што го откри интересниот детаљ. Со наслов „Il momento giusto“ (Вистинскиот момент), Инѕаги ја напиша со помош на новинарот Г.Б. Оливеро, кој работи токму за Gazzetta.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе