НБА 2023/2024

Пиров трипл-дабл на Јанис, Милвоки падна и пред Јута

Продолжува кризата во редовите на Милвоки Бакс кои и покрај одличното издание на Гркот нанижаа нов пораз, овој пат со 132:116 од Јута Џез.

Јанис Адетокунбо запиша трипл-дабл со 25 поени, 10 скокови и 11 асистенции и имаше добра поддршка само од Крис Мидлтон кој натпреварот го заврши со скор од 23 поени, 3 скока и 8 асистенции.

Сепак, пиров беше нивниот учинок бидејќи Јута имаше премногу расположени играчи на паркетот во „Фисерв Форум“ во Милвоки и ја однесе победата која ја најави уште во првата четвртина добивајќи ја со +18 (41:23).

Кај Јута се истакнаа Финецот Лаури Марканен со дабл-дабл од 21 поен и 14 скокови, Филипинецот Џордан Кларксон со 21 поен, а Џон Колинс, Кејонти Џорџ и Колин Секстон постигнаа по 19.

Remote video URL

За Милвоки ова беше четврти пораз во последните пет натпревари откако загубија од Индијана Пејсерс двапати и Хјустон Рокитс, а го победија само слабиот Сакраменто Кингс. Бакс и натаму се втори на Истокот, но сега со скор 25-12 уште повеќе заостануваат зад лидерот Бостон Селтикс кој има 28-8.

Јута, пак, е во одлична форма бидејќи во последните 10 натпревари има 8 победи и само 2 пораза, од кои последниот од силниот Бостон. Иако се 11-ти на Западот, со добрата серија се добрижија до местата кои водат во плеј-ин.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Чикаго Булс 112:119 (прод.)
Индијана Пејсерс - Бостон Селтикс 133:131
Вашингтон Визардс - Оклахома Сити Тандер 128:136
Мајами Хит - Хјустон Рокитс 120:113
Милвоки Бакс - Јута Џез 116:132
Лос Анџелес Клиперс - Феникс Санс 138:111

Табела:

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Кошарка

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе