По долго време бројот на хоспитализирани во Куманово под 100

Бројот на хоспитализирани пациенти во Општа болница Куманово по долго време падна под 100, но како што вели директорката на установата Снежана Захариева, нема простор за опуштање затоа што болеста е сѐ уште тука.

Во трите ковид центри и дневната болница вкупно има 93 пациенти, што е намалување во однос на минатата недела кога бројката на дневно ниво се движела од 115 до 119 пациенти, пишува порталот kumanovskimuabeti.mk.

„Оваа недела имаме благо намалување и ќе речам дека испод 100 пациенти се веќе, 93 се денеска и имаме 27 слободни места во трите ковид оддели“, изјави Захариева.

Сепак директорката на кумановската болница вели дека нема простор за опуштање и треба сите да се придржуваат до мерките за заштита.

„Секое опуштање може да значи нов бран, а ова предолго трае, не само што персоналот веќе во континуитет работи во полна пареа, туку не е добро за здравјето на нашите граѓани, никогаш не знаете со каков тек ќе биде болеста. Кај некои минува со полесни симптоми, но кај некои предизвикува страшни компликации, не гледам причина зошто некој би си го изложувал здравјето на ризик“, рече Захариева.

Намалувањето на бројот на хоспитализирани пациенти, како што вели Захариева, треба да нѐ радува, но треба да останеме дисциплинирани ако сакаме уште да паѓа бројката и да дојдеме до состојба да се ублажат дел од рестрикциите.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе

ДИК ги усвои приговорите за 7 избирачки места

Читај повеќе

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Читај повеќе