По пресот на Филхармонија, се огласи ЗЏМ: Немојте да ни ги кратите крилјата уште на почеток

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје излезе со реакција по прес конференцијата Македонска Филхармонија, нагласувајќи дека ова е нивно последно обраќање до јавноста поврзано со настаната ситуација.

„За жал, малку сме уморни од сево ова, бидејќи овој начин на комуникација не ни е својствен. Наместо да започнеме со нашата концертна и творечка дејност, ние се занимаваме со т.н. спинови, преписки или ‘рекла – казала’ муабети, вокабулар кој не наликува на академски граѓани или уметници од висок ранг“, го почнуваат своето обраќање од ЗЏМ.

Оттаму сметаат дека во нивните претходни соопштенија биле приморани да ја известат јавноста за ситуацијата, акцентирајќи дека тоа е гледиштето од нивен агол, „којј не е институционален, а со тоа уште помалку  во позиција да одлучуваме за било каков процес“.

Од ЗЏМ велат дека во Скопје, во моментов, постојат две концертни сали кои одговараат на изведувачкиот концертен карактер на нивниот оркестар - МОБ и Филхармонија – и дека до оној момент додека не се појави нова концертна сала, тие ќе мора некаде да ги одржуваат нивните проби и концерти.

„Уште еднаш сакаме да потенцираме дека со нашата работа нема да се наруши комодитетот на било кој од вработените во Филхармонија.  Најважно од сè е, тоа што ние сè уште не добивме ниту еден релевантен аргумент дека нашето евентуално работење во зградата ќе го попречи работењето на оркестарот на Филхармонија“, велат оттаму.

„Дезинформацијата ‘7 години ЗЏМ во Филхармонија’ е извадена од контекст. Ние во неколку наврати кажавме дека ние како биг бенд работиме 7 години. Можеби е направен лапсус во броењето на календарските години, но ако изброите календарски од 2017 до 2023 има 7 години, земајќи во предвид дека отварањето на зградата е во мај 2017 година. Ние се извинуваме доколку ‘украдовме’ некој месец во нашата неумесна пресметка, но првиот концерт на биг бендот во соработка со Филхармонија, во истата зграда, се случи на 12.12 2017 година, концертот насловен ‘Baby It’s Cold Outside’. За сите други искази од пресот, сметаме дека нема потреба да се коментираат, бидејќи се потполно ирелевантни.

За крај, ги повикуваме сите засегнати од оваа т.н. ‘Национална културна мело-драма’, да се однесуваат достоинствено, колегијално, солидарно, да ги согледаме фактите и да се соочиме со реалната состојба, до изнаоѓање на конечно решение, како што впрочем и стои во одлуката на Министерството за култура. Животот е прекраток за да ни минува во чудесни расправии и исправање превртени разговори и неосновани размислувања. Ајде да најдеме решение во кое никој нема да биде загрозен. Ние, како Оркестар за џез музика, ја покажавме нашата флексибилност со која гарантираме дека работата на Филхармонија нема да биде загрозена од ниту еден аспект и во ниту еден случај.

Со надеж дека овој лош сон ќе заврши наскоро и во најбрз можен рок ќе почнеме со нашата најважна работа, музиката. Музиката секогаш ќе најде начин, но Ве молиме немојте да ни ги кратите крилјата уште на сам почеток“, поентираат од ЗЏМ.

Во нивното обраќање до јавноста, пак, од Филхармонија рекоа:

„Отстапувањето на дел од нашиот простор за ‘привремена’ работа на друга институција, може да повлече отстапување на уште малку од нашиот простор за ‘привремена’ работа на некоја трета институција во иднина, па и на четврта, петта... Се отвора Пандорината кутија, а Филхармоничарите може засекогаш да го изгубат објектот кој го чекаа цели 73 години!

Наша обврска е да се грижиме за овој храм, тоа им го должиме на нашите колеги, кои немаа среќа да отсвират ниту еден тон во новиот објект, но и на сегашните и идните генерации музичари кои се, или ќе бидат дел од нашиот оркестар. На крајот, сите ние сме минливи, доаѓаме, накратко се задржуваме и си одиме, но делата се оние по кои ќе останеме запаметени, а тие можат да бидат гордост или бреме.“

Почитувани, На нашата фејсбук страница, како што ви е познато, обично објавуваме содржини врзани со нашите активности,...

Posted by Filharmonija on Wednesday, April 12, 2023
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе