БРУТАЛНА МОЌНОСТ

По рецепт на Poseidon, Mercedes-AMG S63 Coupe сега е ѕвер со 927 КС

Кога ќе се спомне Poseidon, првата асоцијација е автомобили со голема моќност, а последниот проект на тјунинг студиото е навистина импресивен.

Mercedes-AMG S63 Coupe го следи рецептот на Poseidon така што неговиот 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор развива 927 КС и 1.280 Nm максимален вртежен момент, што претставува значително зголемување на моќноста во споредба со стандардните 603 КС и 900 Nm.

Poseidon го постигна ова со инсталирање на турбо-полначи со високи перформанси со топчести лежишта, downpipe со спортски катализатори, спортски филтер за воздух, систем за вбризгување мешавина од вода и метанол, модифицирани се вентилите и цилиндрите, а направено е и ремапирање на софтверот за моторот и менувачот.

Резултатот е забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди и максимална брзина од 350 км/ч, што е електронски ограничено.

Овие подобрувања чинат 52.000 евра во Германија.

Има пакет кој чини 29.990 евра и кој ја зголемува моќноста на 868 КС и 1.200 Nm максимален вртежен момент. Луксузното купе во овој случај достигнува „стотка“ за 2,9 секунди пред да ги достигне максималните 350 км/ч. Сепак, тука не постои систем за инјектирање мешавина од вода и метанол и модификација на вентилите и цилиндрите.

За 24.000 евра, Poseidon ќе ја зголеми моќноста на 818 КС и 1.100 Nm, а тоа е Stage 2 тјунинг доволен за да забрза од 0 до 100 км/ч за 3 секунди.

Stage 1 чини „скромни“ 4.200 евра и вклучува само мапирање на ECU единицата и на крајот зголемување на моќноста до 690 КС и 950 Nm. Максималната брзина е 330 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч се обавува за 3,2 секунди.

Poseidon работи и на уште понапреден пакет од моментално најдобриот, што ќе му овозможи на моторот V8 да испорачува 986 КС.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе