УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Почетино бесен на ВАР: Бензема го фаулираше Донарума

Стратегот на ПСЖ го обвини судијата и ВАР за синоќешната елиминација на неговиот тим од Реал Мадрид, алудирајќи на контактот на Бензема со Донарума при голот за израмнување.

Се играше 61. минута кога Џанлуиџи Донарума доби топка од свој играч и беше веднаш нападнат од Карим Бензема. Италијанецот не знаеше што да прави, направи потег плус и потоа набрзина топката ја подаде на спротивната страна каде ја начека Винисиус Жуниор, веднаш одигра со Бензема и овој погоди за 1:1. Но, при првичниот дуел на Бензема со Донарума имаше контакт од Французинот, контакт кој според Маурисио Почетино бил чист фаул кој судијата морал да го свирне.

URL

„Неверојатно е како ВАР не го виде фаулот над Донарума, или да го викнеше судијата да го провери на екран. Не разбирам, фаулот на Бензема беше јасен од секој можен агол. Невозможно е да се дискутира за овој натпревар без да се спомне оваа огромна судиска грешка“, вели аргентинскиот стратег во изјава за Canal+.

„Тешко е да се проголта вакво нешто. Неверојатно е што ова се случува во 2022 година. Доминиравме 60 минути, тој гол промени сѐ“, додаде.

Откако Реал израмни со овој гол, следуваше пад кај ПСЖ, а потоа Бензема со уште два гола донесе победа од 3:1 и пласман во четвртфиналето.

Како стручен аналитичар за Sky Sport Italia изјава даде и славниот Фабио Капело. Тој се согласи дека тој гол го предизвикал пресвртот на натпреварот, но не се согласува дека имало фаул над голманот Донарума.

Според Капело, Донарума сам се ставил во таа ситуација која можел и да ја избегне.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе