УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Почетино: Ние сме предизвикувачи, Реал има навика да ја освојува ЛШ

Предводникот на ПСЖ во пресрет на вечерашната дерби пресметка против најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите упати само пофални зборови за својот противник.

Со дуелите ПСЖ - Реал Мадрид и Спортинг - Манчестер Сити вечерва од 21 часот почнува осминафиналето во Лигата на шампионите. Токму дуелот во Париз го привлекува вниманието на фудбалските вљубеници бидејќи е дуел на сонувачи и шампиони.

Маурисио Почетино е на клупата на „Светците“ чиј газда вложи милиони, но никако да дојде до целта - освојување на Лигата на шампионите.

„Имаме огромна почит за Реал Мадрид, еден од најдобрите тимови во светот. Не се освојуваат 13 титули во Лигата на шампионите поради тренерите, тоа е поради целокупната силина на клубот“, вели аргентинскиот стратег.

„Ние сме предизвикувачи, многу напор е вложен во градењето на тим кој ќе го оствари нашиот сон, но ние сепак сме предизвикувачи, а Реал Мадрид се тие кои имаат навика да ја освојуваат Лигата на шампионите“.

„Но, тоа не значи дека се чувствуваме како жртви. Јас верувам во мојот тим, во мојот клуб и во нашите навивачи кои ќе ни дадат голема доза на енергија“.

Најголемиот адут на ПСЖ, Лео Меси, е подготвен и ќе игра вечерва, на задоволство на Почетино.

„Во натпревари како овој многу важно е искуството, па тој може да одигра клучна улога префрлајќи го тоа кон неговите соиграчи“.

Почетино додаде и дека „со оглед на играчите на теренот, ова би можело да биде и финале“, но за жал еден од овие два великана ќе мора да се соочи со рана елиминација.

„Нема никаква потреба да се остриме за овој натпревар затоа што секој е веќе силно мотивиран и многу возбуден за играње и за да му помогне на тимот на секој можен начин“, заврши тој зборувајќи на официјалната прес-конференција.

Натпреварот ќе го суди искусниот италијански арбитар Даниеле Орсато.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе