Почетино: Понекогаш треба да имате среќа

Тренерот на ПСЖ Маурисио Почетино оцени дека неговите фудбалери одиграле синоќа добар натпревар во реваншот во Манчестер и покрај поразот од 2:0 со што францускиот првак остана без пласман во финалето во Лигата на шампиони.

– Игравме како што се договоривме. Почнавме добро, доминиравме, создававме шанси, а малку екипи можат да доминираат против Манчестер Сити. Понекогаш треба да имате и малку среќа во одредени моменти, изјави Почетино.

– Од друга страна, тие постигнуваа голови, кога ние игравме висок пресинг. Му честитам на Манчестер Сити на фантастичната сезона, а воедно горд сум на своите играчи. Секако дека е лошо што не можевме да сметаме на Мбапе, но тоа не може да ни биде алиби, додаде тренерот на францускиот првак.

Манчестер Сити со двата гола на Ријад Марес (11 минута, 63) го совлада ПСЖ во реванш полуфиналниот натпревар и со вкупен резултат од 4:1за прв пат обезбеди пласман во финалето во ЛШ, во кое за противник ќе го има подобриот од вечерашната пресметка меѓу Челси и Реал Мадрид.

Финалето ќе се игра на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе