Републиканскиот кандидат Дејвид Андал, кој неодамна починал од новиот коронавирус, победи на парламентарните избори во американската сојузна држава Северна Дакота.
Според неофицијални податоци, Дејвид Андал е избран за еден од двајцата претставници на округот Бизмарк во парламентот на Северна Дакота со околу 35 отсто од гласовите.
Бизнисменот и земјоделец Андал (55 г.) починал во октомври од компликации предизвикани од COVID-19.