ИСТОРИСКИ ДЕН

Почна нова ера за етереум: Дали е ова крајот на доминацијата на биткоин?

Ова е историски ден за етереумот, втората по големина криптовалута во светот, со официјалното завршување на процесот The Merge, кој се најавуваше со години, преминувајќи од енергетски интензивниот метод на „рударење“ proof-of-work до далеку поефикасниот proof-of-stake.

Надградбата на софтверот, позната како „The Merge“, ќе го промени начинот на кој се управуваат трансакциите на блокчејнот на етереум, јавната и децентрализирана мрежа која ја поткрепува криптовалутата и генерира етер токени, најпопуларната криптовалута во светот по биткоинот.

Виталик Бутерин, кој го измисли етереумот, вчера на Twitter го објави комплетирањето на планот.

URL

Ethereum 2.0, втората фаза во животот на оваа криптовалута и нејзиниот блокчејн, значи дека ETH повеќе нема да се минира со помош на графички картички, туку трансакциите ќе се потврдуваат со помош на proof-of-stake („доказ за влог“) - така што одреден број коини едноставно се „заклучуваат“, а со тоа и се обезбедува интегритет на трансакциите на мрежата, без потреба од „класично“ proof-of-work „рударење“. Транзицијата беше официјално завршена вчера.

„Рударењето“ на етереум трошеше струја колку и Австрија, според веб-страницата Digiconomist, 72 терават-часови годишно. Алекс де Вријс, економистот кој стои зад веб-страницата, проценува дека промената ќе ги намали емисиите на јаглерод поврзани со етереум за повеќе од 99 проценти. Де Вријс додаде дека овој потег би можел да претставува 0,2 отсто од глобалната потрошувачка на електрична енергија што исчезнува преку ноќ.

„Сите очи ќе бидат вперени во биткоинот. Тој сè уште е најголемиот загадувач во крипто просторот. Дури и денес, биткоинот е одговорен за потрошувачката на електрична енергија колку и Шведска. И знаеме дека тоа нема да се промени“, рече Де Вријс.

Вредноста на етереумот порасна за 2 отсто на 1.630 долари по потегот, според веб-страницата coinmarketcap, вреднувајќи ја валутата на нешто помалку од 200 милијарди долари. Пазарната капитализација на биткоинот е 387 милијарди долари, откако падна од својот врв од повеќе од 1 милијарда долари минатата година.

Керол Александар, професор по финансии на Бизнис школата на Универзитетот во Сасекс, рече дека спојувањето е значаен настан за крипто индустријата.

„The Merge е најважниот настан во историјата на блокчејн“, рече таа.

„Според мое мислење, денешниот ден го означува крајот на доминацијата на биткоинот над крипто средствата“, рече таа.

реклама

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе