НБА КУП 2023

Почна новото натпреварување во НБА - Јокиќ подобар од Дончиќ

Денвер Нагетс ноќеска во рамките на новото НБА натпреварување - НБА купот - благодарение на врвниот учинок на Никола Јокиќ успеа да го совлада тимот на Далас Маверикс со 125:114, додека на другата страна Лука Дончиќ одигра одлично. И двајцата запишаа дабл-дабл.

Станува збор за идејата на комесарот на НБА, Адам Силвер, сред сезона да се играат натпревари од ново натпреварување и нивните резултати да влезат во стандардната табела на НБА лигата. Има шест групи со по пет екипи, од кои секоја ќе одигра по четири натпревари во својата група (два дома, два на гости) и ќе се обиде да се пласира во четвртфиналето.

Од паркетот во НБА салите е направен циркус, па кошаркарите играат на светло обоена подлога, што наиде на незадоволство кај многу фанови, но од тоа ќе заработат огромни пари.

Да се ​​свртиме кон натпреварите. Најдобриот светски кошаркар го предводеше актуелниот шампион во НБА до нова победа со 33 поени, 14 скока и 9 асистенции, а го следеше Мајкл Портер со 24 поени и 9 скока, додека Арон Гордон и Џамал Мареј додадоа по 18 поени. Гордон додаде 8 скока и 6 асистенции, а Мареј 13 асистенции и 2 скока.

URL

На другата страна се истакна Лука Дончиќ со 34 поени, 10 скока и 8 асистенции, а Кајри Ирвинг додаде 22 со 7 асистенции. Двоцифрени беа и Џош Грин и Грант Вилијамс со по 13 поени, 5 скока и 2 асистенции.

Remote video URL

Голден Стејт Вориорс победија со 141:139 на гостувањето кај Оклахома Сити Тандер, а Стеф Кари го постигна победничкиот кош во последната секунда од натпреварот. Кошот првично беше поништен, но по прегледувањето на видеото, беше утврдено дека кошот е легален и победата им припадна на Вориорс.

URL

Токму Кари беше најефикасен кај Голден Стејт со 30 поени, 8 скока и 7 асистенции, додека Дарио Шариќ додаде 20 со 6 скока и 3 асистенции, а Џонатан Куминга постигна 19 поени со 2 скока. Клеј Томпсон го заврши мечот со 18 поени и 3 скока, а Андрју Вигинс додаде 17 со 5 скока, додека Дрејмонд Грин беше двоцифрен со 15 поени, 5 скока и 3 асистенции.

Во поразениот тим најдобар беше Лугуентц Дорт со 29 поени и 5 скока, додека Чет Холмгрен додаде 24 со 8 скока и 5 асистенции, а Џош Гиди и Џејлен Вилијамс мечот го завршија со 18 поени. Гиди додаде 5 скока и 4 асистенции, а Вилијамс 8 асистенции и 3 скока. Ајзеа Џо додаде 16, а двоцифрен беше и Кејсон Валас со 13 поени и 2 скока.

Remote video URL

НБА куп, резултати:

Запад

Група А

Портланд Треил Блејзерс - Мемфис Гризлис 115:113

Група Б

Денвер Нагетс - Далас Маверикс 125:114

Група Ц

Оклахома Сити Тандер - Голден Стејт Вориорс 139:141

Исток

Група А

Индијана Пејсерс - Кливленд Кавалирс 121:116

Група Б

Милвоки Бакс - Њујорк Никс 110:105
Мајами Хит - Вашингтон Визардс 121:114

Група Ц

Чикаго Булс - Бруклин Нетс 107:109

Табела:
URL
реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Кошарка

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе