Почнува 17. издание на Локум фест – музика и традиција

„Оваа година првпат имаме ‘Локум фест - оф програма’, првата вечер во ‘Вино бар буре’ на ‘Магнолија’ со ‘Баклава’ и гостите од Грција. Нашата пасија за откривање на традиционалните музички спомени и звуци на конзулска Битола ни ги носи нашите битолчани од Њујорк, 'Elias ladino ensemble', а соработката со Државниот архив - Битола ни донесува прекрасна изложба на фотографии од музичкиот живот на битолските Евреи. Втората вечер ја затвораме со познатиот македонско-словенечки мајстор на саксофон Васко Атанасовски и промоција на неговиот албум на балканска музика 'Мелем', со пејачката Добрила Грашеска.

Дружбата продолжува во хотелот 'Театар' со латиномузика, поезија, закуска, дружба… Последната вечер на 20.07 е резервирана за старата битолска чаршија, каде што ќе се случува фестивалското крешендо. Ќе се распостелеме покрај пешачката улица крај Драгорот, со ракотворби, локуми, турско кафе, добра храна и радост… Ќе уживаме во мајсторијата на Вевки Амедов и неговите 'Јужни звезди' славејќи ја ромската култура, а токму оваа вечер ги имаме специјалните гости од партнерскиот фестивал Resonator од Данска, кои со поддршка на MOST music ги имаме во Битола. Групата 'Ypek Yolu', или Патот на свилата, е харизматична спојка на традиционална анадолска народна музика и фанк фјужн, музика која има една единствена цел – да ве разигра и опушти… Традиционално, ќе се дружиме сите три фестивалски вечери со ЗУР „Македонски ракотворби“, крушевски и битолски локум, со презентации на рачно изработени производи и, секако, кафе“, велат организаторите на настанот.

Фестивалот се реализира со средства на Министерство за култура, Општина Битола, Пред плус фондацијата, Амбасадата на Р. Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Р. Грција во Битола, КИЦ „Битола“, како и многубројни пријатели и поддржувачи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Култура

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе