Почнува МакеДокс, отворањето вечер во Куршумли-ан со два филма и настап на Баклава

Магичниот простор на Куршумли-ан во следните осум дена ќе биде збирно место за „Лупење идеи“ на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, кој во своето 13-то издание ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Фестивалската програма ќе се реализира на 4 локации, и тоа во Куршумли-ан, плато на Музеј на РСМ пред Куршумли-ан, МКЦ и во Europe House Скопје.

„Со мотото 'Лупење идеи' фокус на 13-тиот МакеДокс е развојот на идеи и годинава е време да дејствуваме и заедно да ја развиваме замислата за ново утре. Слој по слој, ќе ги лупиме идеите – старите, суви и ветви корки да ги оставиме зад нас, а на свежите бели нека блеснат нови движечки слики, и нови, и нови, и нови... Среќни сме што после две години ќе имаме фестивал без рестрикции и со голем број странски гости“, истакнува Дарко Набаков, извршен директор на 13-тото издание на фестивалот МакеДокс.

Годинава на фестивалот ќе пристигнат околу 70 гости од странство. Сите филмови ќе бидат прикажани на филмско платно. Филмската програма на 13-тиот МакеДокс содржи 71 документарно остварување во пет натпреварувачки категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови и Студентска програма, додека сите филмови се дел од компетицијата за наградата Етички идеи. На фестивалот ќе се доделат 5 награди, а во комисиите за награди членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот свет. Надвор од компетиција, но значајни фестивалски програми се Земја во фокус – годинава тоа е Чешка и Програмата за деца и младинци.

Фестивалот ќе биде отворен денеска во Куршумли-ан во 21 часот, со документарниот филм „Сѐ што дише“ (All That Breathes) на режисерот Шаунак Сен (Shaunak Sen), филм кој е индиско-британска копродукција, а пред него ќе биде прикажан белгискиот краток документарен филм „Иднината е водена палата“ (Tomorrow Is A Water Palace) на режисерката Хуанита Онзага (Juanita Onzaga).

По филмската проекција на отворањето, во 23 часот концерт ќе одржи групата „Баклава“, која ќе изведе песни од својот репертоар, но и новите песни посветени на Скопје.

Земја во фокус оваа година е Чешка и ќе бидат прикажани 8 нови документарни филмови, а програмата ќе биде отворена на 19 август (петок) во Куршумли-ан со филмот „Рене - затвореник на слободата“ (René - The Prisoner of Freedom) на почесната гостинка Хелена Тшештикова (Helena Třeštíková), мајката на „тајм-лапс документарецот“, која ќе биде присутна на проекцијата, а следниот ден (20 август) ќе одржи и мастерклас во Europe House Скопје за тоа како ги развива своите идеи и како ги доведува до целосно филмско дело.

Меѓу значајните сегменти на фестивалот се „Разговорите под смоквата“, кои ќе се одржуваат секој ден од 19 до 25 август, во 18 часот, во Куршумли-ан. На 21 август, во 12 часот на пладне, ќе биде отворена фото-изложбата „Спојка“ на Доријан Миловановиќ. За време на фестивалот ќе се одржи вториот дел од едногодишната работилница „Докуникулци“, на која учествуваат 10 млади од целата држава, како и неколку концерти и диџеј-сетови.

Дизајнот на плакатот за 13-тиот МакеДокс е дело на Самир Карахасан.

Тринаесеттото издание на МакеДокс е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Сивус Скопје - Групација „Арикома“, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси Глобал.

Билети можат да се набават онлајн преку продажната мрежа на МКТикетс (www.mktickets.mk). Целовечерен билет за проекциите во Куршумли-ан чини 200 денари, а билет за втората проекција во Куршумли-ан чини 150 денари. Единечен билет за проекциите на платото на Музеј на РСМ може да се набави по цена од 100 денари. Билетите за церемонијата на отворање на 18 август и церемонијата на доделување награди на 24 август се со цена од 300 денари. Единечен билет за проекциите во МКЦ е 50 денари, а за деца под 10 години билетите се бесплатни.

Комплетната програма е објавена на официјалната веб-страница: http://makedox.mk/mk/. Фестивалските активности може да се следат и на социјалните мрежи Facebook, Instagram, YouTube и Twitter.

За фестивалот е приготвена и мобилна апликација која може да се симне на: Android PlayStore и IOS App Store.

Медиумски покровители на 13-тиот МакеДокс се: Кајгана Медиа, Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Еспресо.мк.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Култура

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Read more

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Read more

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе