Почнува мисија за истражување на џиновската санта мраз А68а

Tим научници започнуваат со мисија да ја истражат огромната санта мраз што се наоѓа во Атлантскиот Океан.

Сантата од 3.900 квадратни метри е на пат да се судри со зафрлен остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан, каде живеат илјадници пингвини и фоки и може да ја загрози нивната способност да дојдат до храна.

Научниците ќе се приближат до ледениот брег наречен А68а со истражувачкиот брод „Џејмс Кук“ и ќе користат подводни роботски возила и инструменти за да утврдат како замрзнатата маса влијае на околината.

Големите санти мраз ја менуваат температурата на морето околу нив и создаваат голема количина свежа вода при топењето, а тоа влијае на условите на морскиот живот, од наједноставните планктонски организми до китовите.

Сантата мраз се оддели од секторот Larsen C на Антарктикот во 2017 година и полека се движи кон север, а во последните месеци изгуби на маса и затоа веќе не е „најголемата санта мраз во светот“. И покрај тоа, нејзината големина е сè уште застрашувачка, особено на сателитските снимки на кои се гледа дека се движи на 90 километри од брегот.

Научниците се надеваат дека ќе дојдат до сантата до крајот на јануари. Ќе се користат две подводни возила кои ќе поминат скоро четири месеци во нејзина близина и ќе ги следат температурата и соленоста на морската вода, како и да ги анализираат концентрациите на хлорофилот. Податоците за хлорофил ќе покажат колку фитопланктон има во водата. Овие организми се основа на синџирот на исхрана, ги јадат мали ракови што ги јадат клучни предатори.

„Длабочината“ на сантата мраз под морската површина е 200 метри.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе