Погба: Кога не знаете што се случува внатре, не зборувајте

Пол Погба, играчот за врска на Манчестер Јунајтед, се огласи во врска со сѐ погласните шпекулации дека можно е да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.

Погба (27) се огласи на социјалните мрежи по градското дерби со Манчестер Сити (0:0).

Неговиот агент Мино Рајола неодамна изјави дека Французинот е несреќен во Јунајтед и дека „неговото време таму истече“.

Тоа крена голема прашина, навивачите сметаат дека разделбата е најдобра опција, а Оле Гунар Солскјер не сака да зборува за Рајола и инсистира на тоа дека Погба е играч на Јунајтед.

Французинот не ги коментираше изјавите на неговиот агент, но додаде дека тој бил „1.000 проценти вклучен“ во случувањата во клубот.

„Отсекогаш сум се борел и секогаш ќе се борам за Јунајтед, моите соиграчи и навивачи. Шпекулациите се небитни... Иднината е нешто далеку, она што е важно е сегашноста, а јас сум вклучен 1.000 проценти! Секогаш сме посилни заедно. Сè е јасно меѓу мене и клубот и тоа нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре, не зборувајте", објави тој со хаштагот „кажи ја вистината или молчи“.

Погба беше во стартната постава на само шест натпревари од почетокот на сезоната, а имаше и проблеми со коронавирусот, поради што му требаше некое време да биде физички подготвен.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе