Погба: Одземено ми е сѐ што изградив во професионалната кариера

Макфакс/Кајгана
/ 29.02.2024 / 17:30

Францускиот фудбалер Пол Погба демантираше дека свесно или намерно користел допинг и најави жалба на одлуката на италијанскиот Национален антидопинг трибунал (ТНА) кој претходно денеска го суспендираше играчот на Јувентус на 4 години поради користење недозволени супстанци.

„Денеска бев информиран за одлуката на Трибуналот и мислам дека е неправедна. Тажен сум и шокиран. Срцето ми е скршеното бидејќи ми е одземено сѐ што изградив во професионалната кариера“, напиша Погба на својот Instagram профил.

Францускиот фудбалер беше тестиран по случаен избор на 20 август минатата година по натпреварот од Серија А помеѓу Јувентус и Удинезе. Овој натпревар го следеше од клупата за резерви.

Погба бил позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста. Анализата на примерокот Б потоа потврди дека францускиот фудбалер е позитивен на тестостерон.

„Кога ќе бидам ослободен од законските ограничувања, целата приказна ќе стане јасна. Никогаш свесно или намерно не сум земал додатоци што ги прекршуваат прописите. Како професионален спортист никогаш не би направил ништо незаконско за да ги подобрам перформансите. Никогаш не сум омаловажувал, ниту сум измамил колеги спортисти или навивачи на ниеден тим. Ќе поднесам жалба до Судот за спортска арбитража“, заклучи Погба.

Погба (30) се врати во Јувентус во јули 2022 година. Тој претходно настапуваше за клубот од Торино од 2012 до 2016 година. Покрај Јувентус настапуваше и за Манчестер Јунајтед.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе