Погба речиси протеран од фудбалот - доби суспензија од 4 години

Светскиот шампион со Франција од 2018 година и играч на Јувентус, Пол Погба, доби 4-годишна суспензија поради користење допинг.

Францускиот фудбалер Пол Погба (30) е суспендиран на 4 години поради допинг, пренесува La Gazzetta dello Sport. Погба падна на допинг тестот на 20 август 2023 година, по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе, во 1. коло од Серија А и оттогаш нема настап за „Старата дама“ оти се чекаше конечната одлука. Според последните информации, Антидопинг агенцијата го казнила Погба на дури 4 години надвор од фудбалот, со што практично му ја заврши кариерата на светскиот шампион.

Во моментот кога ќе истече казната, Погба ќе има дури 34 години и ќе има 4 години без натпревар со натпреварувачки калибар, па вистинското прашање е дали воопшто ќе излезе повторно на зелениот терен. Тој веќе го освои Мундијалот на ФИФА и има сѐ помалку мотив да игра фудбал, но сигурно е дека прво ќе се обиде да ја намали огромната казна.

Во слична ситуација се најде и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој во септември 2015 година излезе позитивен на стероидот станозолол по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу неговиот Динамо и Арсенал. Откако и повторениот тест излезе позитивен, УЕФА му изрече суспензија од 4 години. Адеми се жалеше на Судот за спортска арбитража, по што во мај 2017 казната му беше преполовена на 2 години, па на терените се врати во октомври истата година.

Во урината на францускиот фудбалер беше пронајден дехидроепиандростерон (DHEA), кој со години е забранет во спортот, а најчесто го користат бодибилдерите поради нивните поголеми мускули. Зошто Погба го користел и дали е „фатен“ кога прв пат го употребил, засега никому не му е јасно.

Инаку, Погба се врати во Јувентус летото 2022 година, по 6 години минати во Манчестер Јунајтед, но неговата прва сезона во вториот мандат беше преполна со повреди. Најверојатно користел недозволени средства во обид да го забрза процесот на опоравување, но поради тоа си стави крај на кариерата. Штом се појавија информациите дека користел допинг, Јувентус го суспендираше, а впечаток е дека сега најверојатно ќе бараат решение за раскин на договорот со него за да не му ја плаќаат високата плата уште две години.

На хартија, тој е нивен фудбалер до 2026 година, но поради скандалот што го направи - ФИФА треба да дозволи тој автоматски да се прекине. Погба одигра 190 натпревари за Јуве и постигна 34 гола и 41 асистенција, додека за Јунајтед одигра 233 натпревари. Таму запиша уште 39 голови и 51 асистенција.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе