Појадок кој се јаде само 3 пати неделно: Го обновува телото и ги топи масните наслаги

Овој едноставен рецепт ќе ви помогне целосно да го исчистите телото од насобраните токсини, да го забрзате метаболизмот и да го решите проблемот со запек.

Состојките благотворно делуваат на цревата, ја стимулираат нивната работа и ја обновуваат оштетената цревна флора. Покрај здравствените придобивки, ваквиот појадок ќе ви помогне и да се ослободите од насобраните килограми.

Се препорачува да го започнете утрото на овој начин три пати неделно.

Потребни состојки:

(мерката е 1 нормална лажица, како за супа)

  • 3-5 лажици овесни снегулки (може да се користат и некои други видови снегулки - 'рж, овес, хељда)
  • 1 лажица ситни трици
  • 2-3 лажици чиа семе
  • сечкано јаболко
  • млеко од соја од ванила или чоколадно, или друго млеко или јогурт (можете да користите и природен сок од овошје или зеленчук)
  • цимет, рендан кокос, мелени лешници или мелено семе од лен

Подготовка:

Претходната вечер чиа семето потурете го со малку млеко и оставете го да отстои за да набабри. Наутро измешајте ги сите останати состојки со чиа семето и додадете уште малку млеко или друга течност по ваш избор. За појадокот да биде уште повкусен, можете да додадете малку цимет, рендан кокос, мелени лешници или мелено семе од лен. Овој појадок треба да се јаде веднаш штом ќе станете, за да стартува метаболизмот и да согорува повеќе калории.

По една или две недели ќе видите драстично подобрување. Ќе имате повеќе енергија, нема да имате потреба од слатки и нездрава храна, а стомакот ќе ви работи како часовник.

реклама

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе