КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Полјаците го урнаа македонскиот сон

Репрезентацијата на Македонија не успеа да дојде до позитивен резултат во Варваша и на две кола пред крајот ги загуби шансите за пласман на ЕУРО 2020 преку квалификациите.

Видно ослабена откако поради повреда отпадна и Аријан Адеми, македонската репрезентација натпреварот со Полска го загуби токму на средината каде фалеше Адеми, но и Енис Барди кој воопшто и не беше во комбинација за октомвриските натпревари.

Без идеја како да се пренесе топката од одбраната во нападот, избраниците на селекторот Ангеловски 74 минути оддолеваа на полската репрезентација. Кобна беше таа 74-та минута кога штотуку влезениот Пжемислав Франковски при првиот допир со топката го совлада Димитриевски.

Само шест минути подоцна уште еден резервист ја потврди победата. Аркадиуш Милик упати одличен удар оставајќи го немоќен македонскиот голман.

По оваа победа Полска обезбеди пласман на ЕУРО, додека Македонија математички е во игра, но реално не е.

Покрај поразот во Варшава, не ни оди во прилог ниту пак резултатот од Љубљана каде Словенија загуби од Австрија со 0:1. Сега Австрија има 5 бода повеќе од нас, па макар и да ги победиме на гости наредниот месец потоа треба да се случи чудо бидејќи Австрија мора да загуби од Латвија за ние со победа и над Израел да бидеме втори. Чуда се случуваат, но реално Латвија е премногу слаба за да се надеваме на неа.

Македонија останува да ја чека шансата за пласман на ЕУРО во мартовските баражи каде има обезбедено место благодарение на настапите во Лигата на нации.

Табела:
1. Полска 19
2. Австрија 16
3. Македонија 11
4. Словенија 11
5. Израел 8
6. Латвија 0

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе