Половина од републиканците не би гласале за Трамп ако биде осуден

Околу половина од републиканците не би гласале за Доналд Трамп доколку тој биде осуден, покажа анкетата на Reuters и Ipsos објавена денеска.

Поранешниот претседател, републиканскиот фаворит за претседателските избори следната година, вчера се појави пред суд под обвинение за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Против милијардерот се водат уште два случаи: еден во државата Њујорк за наводни плаќања на порно актерка за да молчи за нивната врска и друг на федерално ниво за земање доверливи документи откако ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Испитаниците беа прашани дали ќе гласаат за Трамп следната година доколку поротата го прогласи за виновен. Четириесет и пет отсто од републиканските гласачи рекле дека нема, а 35 отсто рекле дека би гласале. Останатите рекоа дека не знаат.

На прашањето дали би гласале за Трамп доколку заврши во затвор, 52 отсто од републиканците одговориле дека нема, а 28 отсто одговориле дека ќе гласаат. Трамп тврди дека е невин и ги обвинува истражителите дека воделе „лов на вештерки“ за да ја запрат неговата политичка кампања.

Поранешниот претседател ги искористи првите обвиненија во април, зголемувајќи ја предноста пред републиканскиот противкандидат гувернерот на Флорида, Рон Десантис.

Новата анкета покажува дека водството на Трамп продолжува да расте. Тој во моментов има 47 отсто од републиканската поддршка, исто како и во јули, а рејтингот на Десантис е намален за шест процентни поени на 13 отсто.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе