Поп Ацев и Костадиновска и годинава победници на Велешкиот пливачки маратон

Кај мажите во маратонот на 5 километри како и лани и годинава прв е Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018, во фото финиш. а и кај жените како и лани победник единствената учесничка во женскиот маратон на 5 километри Јана Костадиновска од ПК Младост од Скопје. Втор кај машкиот маратон на 5 километри беше Александар Илиевски ПК Нептун, а трет Кристијан Стојановски од ПК Младост од Скопје. Годинава немаше пријавени на маратонската трка за мажи и жени на 10 километри информираат за МИА од организациониот одбор.

Како што појасни Роберт Папазов од организациониот одбор на денешниот пливачки маратон имаше 44 учесници од кои 33 професионалци и 11 за трката за рекреативци. Освен од клубовите од земјава учествуваа и бугарски пливачи од Софија, а не дојдоа пливачите од Србија, Косово и Хрватска.Воедно овој маратон беше четврти и последен од Македонскиот куп во далечинско пливање. Кругот на патеката во езерото беше во должина од 1.250 метри.

– Со оглед на лошите временски услови,добро поминавме.На почетокот на манифестацијата на рекреативната трка на 2,5 километри имаше силен ветер, но потоа се стиши и натпреварите поминаа во ред и во најголема безбедност, појасни Папазов.

Воедно за безбедноста на пливачите се грижеа 20 тина спасители на вода од Општинскиот Црвен крст и 30 тина кајакари од велешките кајакарски клубови.

За најдобрите во сите категории наградите во вкупна вредност ги обезбеди Вулканизер Дине кој секоја година е подржувач на маратонот.

Во рекреативниот маратонска трка на 2,5 километри со која започна и денешните натпреварите кај жените единствена учесничка беше Теодора Соколова,а кај мажите од десетина учесници, во машка конкуренција Дарко Поп Ацев, втор Дејан Гуџов и трето место Дарко Соколов.

Во промотивната трка на деца до 12 години на 800 метри, во машка конкуренција единствен учесник беше Никола Ивановски од ПК Делфин, а и во женска конкуренција исто така сама Матеa Јанкоска ПК Делфин.

На 2,5 километри мажи во категорија 2005-2007, прво место освои Андреј Караскакоски ПК Скопје, втор Михаил Велков ПК Нептун трето место Мартин Личев од ПК Лески 2014 од Софија, Бугарија.

Во категорија 2008-2010 година единствен учесник беше Давид Трпчевски од ПК Делфин.

Во женска конкуренција на 2,5 километри во категорија 2005-2007 прво место освои Ивана Неделковска од ПК Скопје втора Јоана Неделковска од ПК Скопје и трета Росана Ѓошева од ПК Скопје.

Во категорија 2008-2010 на 2,5 километри прво место освои Сара Јанковиќ од ПК Скопје, второ Зорица Христова од ПК Левски 2014 од Софија, Бугарија, трето место Софија Стефановска од ПК Нептун.

Велешкиот пливачки маратон 2022 го организира Општина Велес и Здружението за спорт и рекреација Клуб 28 под покровителство на Пливачката федерација на Македонија.

По многу години најава, организаторот најави дека конечно догодина 10 јубилеен Велешки пливачки маратон 2023 ќе биде дел од Европскиот куп во далечинско пливање.

Горан Стојановски од Националната пливачка федерација на Македонија информира дека овој Велешки маратон влегува во календарот на ФИНА.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе