Поплавите ја откажаа трката во Имола

Ф1
Ф.З.
/ 17.05.2023 / 14:52

Раководството на Формула 1 ја откажа шестата трка од првенството поради поплавите кои го зафатија регионот во Италија каде што се наоѓа патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.

Обилните дождови во последните 24 часа предизвикаа излевање на повеќе од десет реки од нивите корита, додека црвениот аларм за поплави и одрони останува во сила и овој викенд.

Поплавите доведоа до тоа многу локални жители да ги напуштаат своите домови, додека во тек е акција за собирање средства за помош на загрозените.

Формула 1 му наложи на персоналот во падокот кој поставува гаражи и угостителски единици да ја напушти патеката во вторникот попладне како мерка на претпазливост поради заканата од поплави од соседната река Сантерно.

По разговорите денеска наутро со властите и промоторот на трката за Големата награда на Емилија-Ромања, официјалните лица на шампионатот одлучија дека трката не може да безбедно да се одржи.

„Таква трагедија е да се види што се случи со Имола и Емилија-Ромања, градот и регионот во кој пораснав, а моите мисли и молитви се со жртвите од поплавите и со погодените семејства и заедници“, рече Стефано Доменикали, извршен директор на Формула 1.

„Сакам да ја изразам мојата благодарност и восхит кон неверојатните служби за итни случаи кои неуморно работат за да им помогнат на оние на кои им е потребна и да ја олеснат ситуацијата - тие се херои и цела Италија е горда на нив“.

„Одлуката што е донесена е вистинска за сите во локалните заедници и семејството на Ф1 бидејќи треба да обезбедиме безбедност и да не ставаме дополнителен товар на властите додека тие се справуваат со оваа многу ужасна ситуација“.

„Заедницата на Формула 1 сака да ги испрати своите мисли до луѓето и заедниците погодени од неодамнешните настани во регионот Емилија-Ромања“, се вели во официјалното соопштение на Формула 1.

„Исто така, сакаме да оддадеме признание на она што го работат службите за итни случаи кои прават сѐ што можат за да им помогнат на оние на кои им е потребна“.

„По разговорите меѓу Формула 1, претседателот на ФИА, надлежните органи вклучувајќи ги релевантните министри, претседателот на Автомобилскиот клуб на Италија, претседателот на регионот Емилија-Ромања, градоначалникот на градот и промоторот, беше донесена одлуката да не продолжи викендот во Имола“.

„Одлуката е донесена затоа што не е можно безбедно да се одржи трката за нашите навивачи, тимови и нашиот персонал и тоа е правилно и одговорно нешто да се направи со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат местата и градовите во регионот. Не е во ред да се врши дополнителен притисок врз локалните власти и службите за итни случаи во овој тежок момент“.

URL

Ова е втора откажана трка во овогодинешниот календар на која требаше да има 24 трки, но поради откажувањата на трките во Шангај и Имола, бројот на трки падна на 22, исто колку и во 2021 и 2022 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ф1

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Read more

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе