Porsche има проблеми со електричните автомобили

Германскиот производител на спортски автомобили Porsche во средата предупреди на проблеми во снабдувањето со делови за електрични модели и прогнозираше послаб раст на продажбата во Германија и Кина во втората половина од годината.

Компанијата се соочува со „големи предизвици“ во набавката на специјални делови, како што се високонапонските грејачи, кои би можеле да го попречат целниот удел на електрични возила од околу 12 до 14 проценти, рече финансискиот директор Луц Мешке.

За постигнување на таа цел ќе биде потребна многу подобра ситуација со набавките во втората половина од годината, додаде Мешке.

Porsche ја затвори првата половина од годината со 10,7 отсто поголема оперативна добивка од 3,85 милијарди евра.

Приходите се зголемени за 14 отсто, на 20,43 милијарди евра.

Во првите шест месеци од оваа година, тие испорачаа 14,7 отсто повеќе автомобили, делумно поради ниската споредбена основа во првата половина од минатата година, кога испораките беа погодени од заклучувањето во Кина.

Закрепнувањето на кинескиот пазар е послабо од очекуваното, истакнуваат од компанијата, а продажбата и на домашниот германски пазар би требало да забави по силниот раст во првите шест месеци.

Сепак, пазарот на луксузни автомобили е многу поотпорен од масовниот пазар на автомобили, нагласи извршниот директор Оливер Блуме, додавајќи дека тие биле во можност да ги надоместат повисоките трошоци со стабилни цени и поголем број продадени автомобили.

Компанијата и во целата 2023 година очекува приходи во опсег од 40 до 42 милијарди евра, под услов состојбата во набавките и во светската економија значително да не се влоши.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе