Поставени првите вендинг машини за амбалажен отпад, граѓаните ќе добиваат „зелени поени“

Од денеска граѓаните на Скопје ќе можат да го одложуваат амбалажниот отпад во новите вендинг машини, а за возврат ќе добиваат „зелени поени“ за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги. Имено, денеска во трговскиот центар Веро Џамбо беше презентирана првата повратна вендинг машина ПВМ на „Пакомак“, која ќе биде поставена на територијата на Град Скопје. Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, посебно во урбаните средини.

Овие машини, како што објасни директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски, со помош на информацискиот капацитет кој го поседуваат ќе им се овозможи на корисниците преку мобилна апликација за секое фрлено пластично шише или лименка да добиваат „зелени поени“ кои понатаму ќе може да се користат како ваучери.

-Нашата машина се разликува по другите концепти во европските држави со тоа што граѓаните кога ќе уфрлат пластично шише или лименка добиваат на својот мобилен телефон „зелени поени“ кои имаат одредена финансиска вредност и кои може да ги конвертираат во ваучери со кои ќе можат да пазарат за почеток во Веро маркетите, а понатаму и во други маркети локални низ земјата, но и да можат да плаќаат јавни услуги во општините каде што живеат, истакна Ивановски.

Додаде дека очекуваат во следните години да се вратат кај граѓаните повеќе од 100.000 евра на годишно ниво, како и дека во наредните три до четири години ќе бидат поставени околу 400 вакви машини.

-Граѓаните ќе ја добиваат реалната вредност на материјалот кој го селектираат, значи пазарната вредност, ако расте цената на тие суровини како што е пластиката и лименката секако дека и поенот ќе биде повисок, рече Ивановски.

Покрај претставници на „Пакомак“ на настанот беа присутни и министерот за животна средина Насер Нуредини, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, како и австрискиот амбасадор д-р Георг Вуцас.

Министерот Нуредини истакна дека вендинг машините се лесен начин на којшто граѓаните ќе можат да го селектираат отпадот и да го одлагаат на соодветно место, каде ќе биде рециклиран, а со тоа ќе се намали и отпадот што завршува на депониите.

– Производителите, колективните постапувачи, супермаркетите, граѓаните сите имаат своја улога во системот за добро управување со отпадот. Ова е само еден од начините на кој предвидуваме дека секој граѓанин ќе може лесно да селектира отпад. Секако дека работиме на обврските на локалната самоуправа и колективните постапувачи за вложување на селекција пред нашиот дом, вели тој.

Во своето обраќање, министерот посочи дека со ваквите вендинг машини, што се тренд во светот граѓаните лесно ќе можат да рециклираат и истовремено да добијат финансиски поттик за одговорното однесување. Тој додаде дека задоволството е уште поголемо бидејќи вендинг машината е македонски производ направен според потребите на локалното население.

– Кога зборуваме за рециклирање зборуваме за агендата за борба против климатските промени, што влијаат на сите нас, а ние со нашето однесување имаме одговорност да се бориме против климатските промени, вели амбасадорката на Швајцарија.

Таа истакна дека еден од клучните приоритети на Швајцарија во новата програма за соработка со Северна Македонија за 2021/2024 година е токму борбата против климатските промени, што исто така подразбира ефикасно управување со отпадот.

– Уште минатата година во дискусија со колегите и партнерите од „Пакомак“ ја увидовме користа од креирање на една ваква машина за рециклирање, одлично е што денеска имаме и подобар прототип, подобар модел од оној којшто беше изработен пред неколку месеци, истакна амбасадорката.

За крај изрази надеж дека вакви вендинг машини ќе бидат поставени во што поголем број низ целата земја.

Повратните вендинг машини беа развиени од страна на „Пакомак“, во соработка со ФЕИТ и Фондот за иновации и со поддршка од Швајцарската Амбасада.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе