Потона брод со околу 68 мигранти во Грција, спасени 9 лица

Девет лица се спасени откако едрилица со околу 68 мигранти потонала во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Евија, а во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова е втора несреќа со мигранти во Грција за помалку од 24 часа, откако синоќа се преврти чамец со 12 лица во близина на островот Самос и беа спасени четворица мигранти.

Портпаролот на крајбрежната служба на Грција, Никос Кокалас, за грчката телевизија ЕРТ рече дека спасувачката акција кај Евија е во тек од рано утрово, се води под лоши временски услови поради силниот ветер, а веќе се спасени девет лица, кои се од Авганистан, Египет и Иран.

– Првичните информации се дека тргнале од Измир. Во едрилицата, според изјавите на спасените, имало околу 68 лица. Во овој момент не можат да ни ја кажат точната бројка, рече Кокалас.

Во однос на несреќата што вчера се случи во морскиот дел јужно од островот Самос, објасни дека и таму продолжува спасувачката акција што траеше и во текот на ноќта.

Во чамецот што се превртил спасени се четири лица, кои рекле дека биле вкупно 12, а се трага по осумтемина исчезнати.

Кокалас истакна дека кај Самос, акцијата се води под добри временски услови.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе