Повеќето германски компании сакаат постојано да се работи од дома

Повеќе од половината компании во Германија(54%) сакаат да продолжат да работат од дома и откако ќе заврши пандемијата на коронавирусот, покажаа резултатите од истражувањето на институтот ИФО и анкетата на LinkedIn.

– Кризата со коронавирусот може да биде поттик за постојан работен ангажман од дома, изјави Оливер Валк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии и коавтор на оваа студија.

Податоците од истражувањето на ИФО покажуваат дека три четвртини од компаниите во Германија се согласиле со дел од нивната работна сила да работат од дома, како начин да се справат со кризата.

Во исто време, истражувањето спроведено меѓу членовите на професионалната мрежа LinkedIn во Германија, покажува дека речиси половина од испитаниците рекле дека работат од дома само поради пандемијата.

– За многу компании, овие нови работни аранжмани вклучуваат значителни инвестиции во дигитална инфраструктура и нова комуникациска технологија. Целосно враќање на стариот начин на работа е малку веројатно, објаснува Валк.

Покрај тоа, една анализа покажува дека бројот на прегледи на огласи за работа од дома на LinkedIn се зголемил за повеќе од двапати.

– Знаеме дека недостигот на социјален контакт, кој го вклучува работата од дома, на долг рок може да биде товар и дека дигиталниот свет сам по себе не ги овозможува сите аспекти на креативна размена или трансфер на знаење и идеи. Затоа, поверојатно е дека ќе преовладува комбиниран модел, кој вклучува работа во компанијата и работа од дома. На тој начин се здружуваат предностите од автономијата и флексибилноста на работа од дома со придобивките од социјалниот контакт на работното место, објаснува Жан -Виктор Алипур, коавтор на студијата за ИФО.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе