Пожар во три објекти во Охрид, голема материјална штета, извести ЦУК

Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за управување со кризи, од вкупниот број 1.509 повици на Единствениот број за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 43,27%, а 56,73% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Според распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 59,17% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 31,65%, кон пожарникарите биле упатени 1,38%, а кон АМСМ 0,46%. Кон Центарот за управување со кризи имало 7,34% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 56,73%, „неитни повици“ (вкупно заедно 872) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Пожари на отворено не се регистрирани, но имало пожари во населени места, од коишто ЦУК издвојува два, во Охридско и Демирхисарско.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид, од 0:40 минути по полноќ до 4:00 часот утрово, со седум пожарникари и три противпожарни возила интервенирале на запалени три објекти на улицата „Гоце Делчев“ број 189 во Охрид. Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.

РЦУК – Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Демир Хисар, од 8:10 до 8:45 часот, со двајца пожарникари и противпожарно возило гаснеле опожарен помошен објект во село Кутретино.

Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе