Позитивен тест за ХПВ не значи дека имате рак на грлото на матката

Причината за скоро сите карциноми на грлото на матката се инфекции со хуман папилома вирус (ХПВ), па затоа е разбирлива загриженоста кај жените кога ќе им биде дијагностициран ХПВ, но здравствените експерти велат дека тоа не е причина за тревога, објави германската новинска агенција dpa.

ХПВ инфекцијата не е предканцерозна состојба, а уште помалку рак, посочува Сузана Вег-Ремерс, раководител на Службата за информации за рак (KID) на Германскиот центар за истражување на рак (DKFZ). Таа вели дека ХПВ обично нема симптоми и дека обично имунолошкиот систем на телото сам го отфрла по некое време.

Само мал број на продолжени инфекции со ХВП резултираат во промени во ткивото што можат да бидат претходник на рак на грлото на матката, рече таа, додавајќи дека тестирањето за ХВП најчесто се прави за да се процени ризикот од рак.

Постојат повеќе од сто варијанти на ХПВ, што е најчеста сексуално пренослива инфекција. Повеќето сексуално активни жени и мажи ќе бидат заразени во одреден момент од нивниот живот, а некои може да се заразат повторно, според Светската здравствена организација (СЗО).

Во делови на Европа, жените над 35 години сега рутински се тестираат за ХВП како дел од скринингот за карцином. Како резултат, откриени се повеќе инфекции отколку што беше случај претходно.

Ако тестовите се негативни, жените се тестираат на секои три години, според KID. Позитивен тест укажува на клинички значајна ХПВ инфекција на грлото на матката и зголемен ризик од промени во ткивото. Во овој случај, следниот тест се прави по една година.

Ако и тој е позитивен, три месеци подоцна жената се подложува на колпоскопија. Колпоскопија е медицинска постапка што ги набљудува грлото на матката, вагината и вулвата под големо зголемување со помош на специјално дизајниран подвижен микроскоп, наречен колпоскоп.

Во случај да бидат откриени само мали промени во ткивото, жените мора да одат на почести прегледи за да ги следат овие промени. Големите промени можат да бидат преканцерозни и затоа се отстрануваат како мерка на претпазливост.

Постојат вакцини против ХПВ. Постојаниот комитет за вакцинација на институтот Роберт Кох, одговорен за контрола и превенција на болести во Германија, препорачува момчињата и девојчињата да се вакцинираат против ХВП на возраст од 9 до 14 години.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе