Познати деталите за сите финалиња од натпреварувањата на УЕФА

По реванш натпреварите од полуфиналето на Лига Европа и Конференциската лига вчеравечер, ги дознавме сите финалисти од овосезонските натпреварувања на УЕФА.

Ден претходно, финалето во Лигата на шампионите го доби Манчестер Сити, кој во реванш натпреварот го победи Реал Мадрид со 4:0 и со вкупни 5:1 се пласира во Истанбул, каде ќе игра за првата европска титула против Интер, кој пак, го исфрли Милан.

Драматично беше и на другите две европски натпреварувања. Во Лига Европа, Севиља го исфрли Јувентус по продолженијата, а Рома одигра 0:0 со ретко виден бункер во Леверкузен и така ги спаси 1:0 од првиот натпревар во Рим. Тимот на Мурињо имаше само еден шут кон голот.

Во Конференциската лига во финалето ќе играат Фиорентина и Вест Хем. По продолженијата, Италијанците го победија Базел со 3:1 на гостински терен и победија со вкупни 4:3, додека Вест Хем имаше многу полесна работа. По победата против АЗ Алкмар во Лондон 2:1, победи и Вест Хем во Холандија со 1:0.

Распоред на европските финалиња:

Лига Европа, 31 мај, Пушкаш Арена (Будимпешта):

Севиља - Рома

Конференциска лига, 7 јуни, Фортуна Арена (Прага):

Фиорентина - Вест Хем

Лига на шампиони, 10 јуни, Олимписки стадион Ататурк (Истанбул):

Манчестер Сити - Интер
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе