УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Познати сите учесници во групната фаза од ЛШ, денеска жрепката

Откако синоќа се одиграа и последните три квалификациски натпревари се пополнија сите места за фазата по групи од новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА.

Во вторникот пласман во групната фаза низ плеј-офот изборија Галатасарај, Брага и Јанг Бојс, а синоќа им се придружија Копенхаген, Антверпен и ПСВ.

Највозбудливо беше во Ајндховен каде ПСВ го совлада Ренџерс со 5:1 и со тоа се избори за играње во групната фаза. Копенхаген победи со вкупни 2:1 во двомечот со поскиот шампион Ракув, додека белгиски Антверп го исфрли грчкиот шампион АЕК.

Така сега познати се сите 32 екипи кои ќе се најдат на денешната жрепка, која е закажана за 18 часот. Првпат по три години групите од Лигата на шампионите ќе се влечат на „Грималди Форум“ во Монако.

Тимовите традиционално ќе бидат поделени во четири барабани. Во првиот барабан ќе бидат носителите на групите, а тука се екипите кои ги освоија Лигата на шампионите и Лига Европа минатата сезона, како и шесте шампиони од шесте најсилни лиги во Европа.

Барабан 1:
Манчестер Сити
Севиља
Барселона
Наполи
Баерн
ПСЖ
Бенфика
Фејнорд

Барабан 2:
Реал Мадрид
Манчестер Јунајтед
Интер
Борусија Дортмунд
Атлетико
Лајпциг
Порто
Арсенал

Барабан 3:
Шахтар
РБ Салцбург
Милан
Лацио
ПСВ
Копенхаген
Црвена звезда
Брага

Барабан 4:
Њукасл
Унион Берлин
Ланс
Реал Сосиедад
Селтик
Антверп
Јанг Бојс
Галатасарај

Директен пренос од жрепката ќе има на веб-страницата на УЕФА, како и на Arena Premium 1.

Натпреварите од 1. коло во групната фаза ќе се играат во вторник на 19 и среда на 20 септември.

Распоред:
1. коло: 19-20 септември 2023
2. коло: 3–4 октомври 2023
3. коло: 24-25 октомври 2023
4. коло: 7-8 ноември 2023
5. коло: 28-29 ноември 2023
6. коло: 12-13 декември 2023

Жрепката за осминафинанлето ќе се одржи на 18 декември.

Финалето во Лигата на шампионите за сезоната 2023/2024 е закажано на „Вембли“ на 1 јуни.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе