Петтиот електричен автомобил на Volkswagen, продукциска верзија на концептот ID Vizzion пристигнува на пазарот во 2023 година.
Volkswagen развива нов модел под кодно име Aero-B кој на пазарот ќе ја носи ознаката ID 6. Овој модел ќе биде конкуренција на BMW i4 и Mercedes EQE, а ќе биде достапен во форма на лимузина и караван.
Според дизајнот, наликува на Passat.
ID 6 ќе биде базиран на MEB платформата на Volkswagen групацијата која е специјално развиена за електрични автомобили.
Се очекува дека ID 6 ќе биде најпопуларен на кинескиот пазар.
Од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 5,6 секунди и ќе има погон на сите четири тркала.