Правила за воспитување кои треба да ги примениме од Јапонците

Јапонскиот стил на родителство е поинаков од нашиот, но некои трикови од оваа земја може да ги примениме бидејќи се прилично ефикасни. Истражување објавено во Lanset откри дека јапонските деца се меѓу најздравите и најсреќни во светот.

Што може да научиме за родителството од Јапонците? Родителската љубов е неспоредливо најсилната, најчистата љубов што човек може да ја почувствува, но понекогаш може и да претераме во грижата кон децата и да ги чуваме во стаклено ѕвоно.

Овие неколку трикови и совети може да ги применувате, доколку сакате детето да израсне во независна личност.

1. Самостојнот уште од почетокот

Од најрана возраст децата во Јапонија учат да бидат самостојни и полни со самодоверба. Родителите ги учат од мали да чистат, да, готват, да помагаат во домашните обврски, а со истите работни навики продолжуваат и во градинка и во училиште.

2. Нема викање

Во Јапонија зборот за дисциплина е „шицуке“, збор кој приближно може да се преведе како „одгледување“. Наместо викање, во јапонското дисциплинирање на децата секогаш важи правилното размислување за последиците од тоа што детето го има направено, пишува Savvytokio.com.

3. Ако не е далеку, оди пешки

Во Јапонија е најнормално да гледате како децата сами одат на училиште. Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од 98 проценти од децата пешачат до училиште.

Родителите од почетокот ги учат децата до повеќето места да пешачат, доколку дестинацијата не е многу далеку.

4. Почитта на прво место

Мала е веројатноста дека ќе видите јапонско дете како има испади на бес среде продавница. Јапонските родители од мала возраст ги учат децата на почит кон постарите и на размислување како нивото однесување влијае на другите.

Сепак, за детските тантруми темата е опширна, децата може да реагираат од плачење до викање, клоцање, удирање и задржување на здивот. Некои деца често имаат тантруми, некои многу ретко и се нормален дел од развојот на децата. Може да се случат кога децата се уморни, гладни или им е непријатно. Најчесто се појавуваат кога не го добиваат тоа што го сакаат. Децата учат како да се справат со фрустрацијата и како да ја надминат со текот на времето.

5. Пофалба за трудот, а не за способноста

Во Јапонија детето секогаш го фалат за вложениот труд, а не за способноста. Таквиот начин на охрабрување и пофалби важи дури и кога детето има проблеми со нешто бидејќи родителите веруваат дека поради тоа детето уште повеќе ќе се труди.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Живот

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Read more

Како да препознаете квалитетни јајца?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе