Пред 33 милиони години имало големо масовно истребување за кое не знаевме досега

На крајот од периодот еоцен, пред приближно 33 милиони години, се случиле големи промени на нашата планета. Температурите значително се намалиле, а ледената покривка се проширила речиси до екваторот.

Имало огромно исчезнување на видовите на азискиот континент, но досега се чинеше дека овие колосални промени не влијаеле врз биолошката разновидност на Африка, која била заштитена со топлината на тропските предели. Барем така мислевме.

Многу е јасно дека дошло до масовно изумирање

Според неодамна објавената студија на американски научници, погрешната перцепција за случувањата во Африка на крајот на еоценот се случила затоа што не ги гледавме фосилните записи на вистински начин, пишува Science Alert.

Нивното истражување на Арапскиот Полуостров и низ африканскиот континент во тој период забележа значителен пад на бројот на цицачи, при што скоро две третини од нивната разновидност исчезнал пред 30 милиони години.

Сѐ уште не е познато што ја предизвикало ваквата загуба на овој вид, но најверојатно причините се температурните варијации и интензивната вулканска активност во областа.

„Многу е јасно дека дошло до масовно изумирање, а потоа и период на опоравување“, вели биологот Стивен Херитиџ од Универзитетот Дјук.

Проблем со фосилните записи

Голем дел од она што го знаеме за променливата клима при преминот од еоценот во следната епоха, олигоценот, доаѓа од анализите на промените на изотопите на кислородот од седиментите на океанското дно и други индиции за промена на нивото на морето и растот на глечерите.

Податоците од локално ниво може да бидат малку нејасни, па научниците потоа повеќе се потпираат на изработка на модели и внимателно испитување на фосилите. Но, дури и тоа не нуди секогаш одредени резултати. Од една страна, постојат докази за намалување на бројот на некои видови во Североисточна Африка, како што се предците на модерните лемури. Од друга страна, некои истражувања покажаа дека Африка не доживеала речиси никакви биолошки промени во тој период.

Фосилните записи можат да бидат многу проблематични во однос на нивното толкување. Тие не ги оставаат сите видови на нивните остатоци уредно наредени и зачувани на некое погодно и лесно достапно место.

Во овој случај, научниците собраа податоци за фосили што претставуваат пет групи цицачи, две групи глодари и две групи примати. Според овој примерок, тие изградиле семејно стебло кое го покажува периодот во кој овие животни се појавиле и исчезнале, и забележале значителна загуба на видови во Африка во доцниот еоцен.

Студија Widespread loss of mammalian lineage and dietary diversity in the early Oligocene of Afro-Arabia, беше објавена во списанието Communications Biology.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе