Пред 4 години играа во пабови, а вечерва ќе се борат за 550.000 евра и светска слава

Откако сензационалниот Лук Литлер избори место во финалето на Светското првенство во пикадо, му се придружи и неговиот истоименик Лук Хамфрис, кој со перфектен настап победи на синоќешниот спектакл во „Александер Палас“ во Лондон.

Светскиот шампионат во пикадо оваа година ќе остане запаметен како еден од најпопуларните досега. Причина за ова е сензационалниот 16-годишен Лук Литлер, кој и покрај сите очекувања до финалето стигна од 164. место на светската ранг-листа.

Тој нема намера да застане тука, па вечерва ќе се бори против 28-годишниот навивач на Лидс Јунајтед, Лук Хамфрис, за титулата светски првак и 550.000 евра, колку што му следуваат на победникот.

Хамфрис синоќа покажа одлична класа и се избори за финалето на Светското првенство победувајќи со 6:0. Одигра перфектен меч, не му остави никаква шанса на противникот Скот Вилијамс и ја изрази својата кандидатура да стане светски шампион.

Овој 28-годишен Англичанец синоќа погоди дури 14 максимуми (фрлање од 180 поени во три стрелки), а во просек по потези погодуваше 108,74, наспроти 94,93 на Вилијамс, што е доволен показател колку е успешен беше третиот играч во светот.

Интересно, Хамфрис и Литлер пред четири години играа еден против друг во паб, а вечерва во најголемиот меч во кариерата ќе се борат за титулата светски првак. Секако, фотографијата од пабот веднаш стана вирална на социјалните мрежи откако беше откриено кој се среќава во вечерашното финале.

URL

Натпреварот за новиот светски шампион во пикадо е закажан вечерва во 21 часот, а директен пренос во Македонија ќе оди на Arena Sport 2. Се игра во 7 добиени сетови.

Тагови
реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе