Предложен 58-часовен карантин за викендов, според надлежните мерката ќе има ефект

Полицискиот час за претстојниот викенд кој е продолжен со два празника, според предлогот на Комисијата за заразни болести треба да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник. Овој предлог Комисијата го достави вчера до Владата.

Причината, според министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени со COVID-19 е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови. Надлежните сметаат дека со ваква ригорозна мерка ќе се постигне вистински ефект.

Министерот Филипче на вчерашната прес-конференција посочи дека сите други ослободувања од рестрикциите, што беа најавени за крајот на оваа недела, ги оставиле за почетокот на следната недела. По викендот, од вторник, Владата ќе одлучува за функционирањето на угостителските објекти и евентуално скратување на полицискиот час.

Со новорегистрираните 19, вкупниот број на активни случаи заразени со коронавирус во земјава изнесува 381. Вчера се регистрирани 16 оздравени пациенти, а починати се четири лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, а на починати е 110.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе