Премиерот им прости на Каталонците, илјадници Шпанци на протест му побараа оставка

Макфакс/Кајгана
/ 10.03.2024 / 11:30

Илјадници демонстранти се собраа синоќа во центарот на Мадрид за да побараат оставка од социјалистичкиот премиер Педро Санчес поради предлог-законот за помилување на Каталонците кои организираа забранет референдум за независност во 2017 година.

Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчес се согласи со партиите Заедно за Каталонија (JxCAT) и Каталонската републиканска левица (ERC) за законот, кој парламентот се очекува да го усвои во четврток.

Неколку здруженија донесоа околу 15.000 демонстранти на улиците на Мадрид под слоганот „Има премногу причини, Санчес поднеси оставка!“, соопшти регионалната влада. Организаторите на протестот тврдат дека се собрале 400.000 демонстранти.

Протестот беше поддржан од најголемите десничарски опозициски партии, Народната партија (ПП) и Вокс. „Не во мое име. Нема амнестија, нема самоопределување“, пишуваше на транспарентите додека демонстрантите ги вееја црвено-жолтите знамиња на Шпанија.

Санчес, чија малцинска левичарска влада зависи од поддршката на регионалните партии во Каталонија, претходно имаше намера да воведе закон за амнестија, но тој не беше усвоен поради несогласувања околу некои детали. Усогласувањето на позициите го отвори патот за гласање, бидејќи овие партии заедно имаат мнозинство места во парламентот.

„Санчес му се поклони на (каталонскиот) национализам“, рече Долорес Монсерат, европратеничка од ПП за време на протестот и најави дека опозицијата ќе продолжи со протестите.

Законот за амнестија ќе ги суспендира сите постапки против неколку стотици Каталонци кои пред седум години преку референдум се обидоа да основаат независна држава со 7,5 милиони жители на североистокот.

Санчес минатата недела повтори дека целите на законот се „соживот“ и „помирување“.

Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од референдумот во 2017 година, би можел да се врати во Каталонија во јуни и има намера да се кандидира на европските избори истиот месец.

Шпанија досега неуспешно бараше од Белгија негова екстрадиција, а амнестијата ќе го поништи барањето на судот во Мадрид за негово апсење и судење.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе