ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Преморениот Сон нема да игра на Олимпијадата

Иако Тотенхем даде зелено светло, селекторот на Јужна Кореја реши да не го вклучи Сон во репрезентацијата за претстојните Летни олимписки игри во Токио.

Јужна Кореја на Олимпијадата ќе настапи без својот најдобар играч, ѕвездата од Премиер лигата, Сон Хјон-мин. И тоа поради одлука на селекторот Ким Хак-бум кој даде и објаснување зошто најдобриот корејски фудбалер нема да ги збогати Игрите.

„Му се заблагодарив и му се извинив на Сон бидејќи покажа колку многу сака да биде во тимот и да игра на Олимпијатада. Тој дури и разговараше со Тотенхем и конечно го пуштија да настапи. Навистина го цениме тоа“, вели селекторот пред корејските новинари.

„Одлуката ја гледам од различни агли. Најлесно е да го ставам на списокот, но тој е играч кој треба да го заштитиме. Гледајќи долгорочно, тренинзите и распоредот на натпревари на Олимпијадата можат да го преморат. Сон има одлична мускулатура, но кога лани играше за Тотенхем покажа знаци на повреда. Тетивите се многу важни за играчите кои милуваат да прават спринтови како него. Мислам дека може да се премори, а тоа е ризик за повреда“, ја објаснува селекторот својата одлука која изненади и разочара многумина.

„На крајот донесов тепшка одлука за која ќе мора да понесам одговорност. Кога Сон е повреден луѓето велат дека премногу сме го користеле. Доколку се повреди, ќе биде тешко јас да ја преземам одговорноста“.

Јужна Кореја го сонува олимпиското злато кое никогаш го нема освоено. Најблиску беше во 2012 кога загуби во полуфиналето и потоа се закити со бронзата. Но, на почетокот од септември почнува последната фаза од азиските квалификации за Мундијалот 2022, а свеж Сон за пласман на завршницата има предност пред Олимпијадата.

„Одигра 51 натпревар минатата сезона. Мислам дека треба да го заштитиме. Доколку се повреди тоа ќе биде голема загуба за квалификациите за Мундијалот, како и за предсезоната на Тотенхем. Цела ноќ размислував за ова“, заврши тој.

Јужна Кореја на Олимпијадата доаѓа како актуелен младински шампион на Азија. Сон требаше да биде еден од тројцата постари играчи во тимот, колку што е дозволено согласно правилата. Кореанците се во групата Б заедно со Нов Зеланд, Хондурас и Романија.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе