„Пријателите“ сепак нема да се соберат повторно

HBO Max повторно го одложи снимањето на специјалната епизода на „Friends“ во која актерите од славната ТВ-серија требаше да се соберат по 16 години.

Специјалната епизода беше најавено дека ќе се снима во студио пред публика, исто како десетте сезони на серијата. Но, плановите на продуцентите беа изместени поради пандемијата на коронавирус, па решено е да се чека „поповолна клима за снимање“, вели извор за Variety.

URL

Актерската екипа долго време ги држеше во тајност информациите за снимањето на специјалното шоу, а само што потврдија дека повторно се собираат, почна пандемијата со коронавирусот. Тоа ги поремети плановите, а фановите се загрижија дека проектот нема никогаш да се реализира. Снимањето требаше да почне на почетокот на март, но продукцијата беше ставена на пауза, како и остатокот од филмската и ТВ продукција во САД и светот.

„Се надеваме декаќе може да почнеме со снимање во август, ако сѐ е добро и нема втор бран. Ако сѐ биде на свое место и ги почитуваме сите мерки, ќе снимаме во средината и крајот на август“, рече во јуни креаторката на шоуто Марта Кауфман. Екипата ги споделуваше идеите за шоуто преку видеоповици за време на карантинот.

Како што HBO Max соопшти во февруари, специјалната епизода ќе биде едночасовна собиранка на актерите од „Friends“: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

„The one where they got back together“, соопшти тогаш HBO Max во стори на Instagram (или „Епизодата во која сите пак се собраа заедно), алудирајќи на специфичните наслови на посебните епизоди во серијата што се емитуваше од 1994 до 2004 година.

„Екипата на Friends повторно ќе се собере за ексклузивно едновечерно шоу на HBO Max“, стоеше во објавата под хаштаг #FriendsReunion.

Сите оригинални актери од серијата ќе се вратат на оригиналната сцена Stage 24 во студиото Warner Bros. Studio во Бурбенк, Калифорнија, за специјалното шоу во чест на серијата. Секако, ова не значи дека се обновува серијата, туку е само паметен потег на актерите и на продуцентите да ја искористат обновената популарност на серијата, во време кога има огромна носталгија по 90-тите.

Според сајтот Deadline, за овој ангажман секој од „Пријателите“ ќе добие астрономски хонорар од 3 до 4 милиони долари. Во последните две сезони од серијата што се емитуваше од 1994 до 2004 година актерите добиваа по 1 милион долари по епизода.

Тагови
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе