Промовиран нов роман за Александар Македонски - „Потрага по загубениот гроб“ од Панче Коцев

„Потрага по загубениот гроб“ е насловен дебитантскиот роман на Панче Коцев од Велес, кој синоќа беше промовиран во велешката библиотека „Гоце Делчев“.

На промоцијата, 24-годишниот автор рече дека делото е „триаголник скроен од наука, интрига и авантура“ – тројца еминентни професори по археологија, поранешни колеги на факултет, ги обединуваат своите сили во остварување на нивниот сон – да го пронајдат гробот на Александар Македонски.

– Потрагата започнува во Александрија, но по откривањето на неколку артефакти, тие се префрлуваат на европско тло, во Македонија. Марко, млад водич-кустос на археолошкиот локалитет Стоби, се приклучува во тимот и се покажува како клучен играч во истрагата, но запаѓаат во замка…, рече Коцев и најави најмалку две до три продолженија на книгата.

Извадоци од книгата читаше актерот Жарко Спасовски, а промоцијата беше збогатена со музички настап на виолинистката Елана Ѓорѓиевска, професорка во ОМУ „Стефан Гајдов“, и младата виолинистка - ученичката Марија Иванова.

реклама

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

Култура

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Read more

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Read more

Нова театарска претстава за млади: Чудо

Read more

Браќа Манаки со престижна награда од Британското здружение на кинематограферите

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе